Пронајдено одземено возило во Битола, крадецот приведен

 – Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола вечерва во 20:00 часот го лишија од слобода Д.Р.(37) од Битола. Тој се сомничи дека денеска околу 19:11 часот во Битола на ул.„Булевар Први Мај” користејќи го тоа што клучевите биле оставени на бравата, одзел патничко возило „сеат” со битолски регистарски таблички . 

Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.