ДРАМА ВО САД – Гувернерот на Флорида го повика Ѓоковиќ да дојде во неговата држава: Претстави детален план како Србинот да влезе во САД и покрај забраните!

Дали ова значи дека се уште има надеж Новак Ѓоковиќ да влезе во Соединетите Американски Држави (САД) ? Овој вест што дојде е исклучително моќна и силна!

Изјавата дојде од првиот човек на Флорида – познатиот Рон ДеСантис.

Гувернерот на Флорида апсолутно застана на страната на Новак и дури му ја претстави идејата како да дојде во САД.

Бидејќи не е можно да лета за Мајами, на ДеСантис му паднала неверојатната идеја Србинот да пристигне со брод во САД ?!

Не ми е јасно зошто и со сегашната регулатива господинот Ѓоковиќ не би можел легално да влезе во земјава со брод. Според моите информации, вашата администрација не им прави проблеми на странските државјани кои влегуваат во земјата на овој начин“, напиша гувернерот на Флорида, цитирајќи еден од говорите на Бајден во кој американскиот претседател кажа дека – „на невакцинираните странски државјани им е забранет влезот во земјата со авион .

Новак Ѓоковиќ

По она што го доживеа во Австралија, сомнежите се големи дека Новак би се впуштил во ваква авантура повторно.

Иако, едно е сигурно – сето тоа со Новак изобилно го користат политичките противници на Џо Бајден за собирање поени, бидејќи на сите им е јасно дека е целосен апсурд да не се дозволи Ѓоковиќ да влезе и остане во САД.