Собранието на Северна Македонија денеска ги верификува оставките на министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за животна средина Насер Нуредини, заменик министерот за здравство Владимир Рендевски и заменик министерот за правда Агим Нухиу.
Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги елаборираат нивните оставки пред пратениците.
Напоменувам дека Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу повеќе не се на функција“, истакна Џафери.
Пред почетокот на седницата, пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.