Малата Вања Ѓорчевска, по која трагаше цел Балкан, е пронајдена вчера. Пет лица се приведени во врска со исчезнувањето на тинејџерката Вања, која исчезна во Скопје пред 27 ноември.
По еднонеделна потрага, Обвинителството во неделата на 3 декември соопшти дека е пронајдено безживотното тело на девојчето.
За убиството се осомничени пет лица, меѓу кои таткото на Вања и монструмот Љупчо Палевски кој е во бегство.
Овој случај го потресе целиот регион, а за трагичниот случај се огласија и бројни македонски музички ѕвезди.
– Ах Вања… Солзите не престануваат, како да те познавам. Почивај во мир. Господ ќе им суди – напиша пејачката Елена Ристеска.
– Прости ни, Вања. Патувај до бескрајноат. Никогаш нема да те заборавиме и никогаш нема да си простиме. Сочувство до семејството. Почивај во мир – напиша пејачката Тамара Тодевска.
– Нема зборови со кои може да се опише оваа страшна трагедија. Сите сме многу лути и многу тажни. Почивај во мир слатко девојче – напиша пејачката Каролина Гочева.