Солзите не стивнуваат! Царството небесно, ангелу!!! (фото)

Малата Вања Ѓорчевска, по која трагаше цел Балкан, е пронајдена вчера. Пет лица се приведени во врска со исчезнувањето на тинејџерката Вања, која исчезна во Скопје пред 27 ноември.

По еднонеделна потрага, Обвинителството во неделата на 3 декември соопшти дека е пронајдено безживотното тело на девојчето.

За убиството се осомничени пет лица, меѓу кои таткото на Вања и монструмот Љупчо Палевски кој е во бегство.

Овој случај го потресе целиот регион, а за трагичниот случај се огласија и бројни македонски музички ѕвезди.

– Ах Вања… Солзите не престануваат, како да те познавам. Почивај во мир. Господ ќе им суди – напиша пејачката Елена Ристеска.

–  Прости ни, Вања. Патувај до бескрајноат. Никогаш нема да те заборавиме и никогаш нема да си простиме. Сочувство до семејството. Почивај во мир  – напиша пејачката Тамара Тодевска.

–  Нема зборови со кои може да се опише оваа страшна трагедија. Сите сме многу лути и многу тажни. Почивај во мир слатко девојче  – напиша пејачката Каролина Гочева.