Љубителите на фудбалот многу добро знаат дека навивачите на Борусија Дортмунд во светот се познати како автори на врвни кореографии, а клубот прави сè за да биде со нив и да им се „оддолжи“, на секој начин.
Фудбалерите на Борусија вчера играа против Унион Берлин, а пред натпреварот беше видена сцена која ќе ви го скрши срцето.
Имено, фудбалерите на Борусија излегоа на теренот со жолто-црн транспарент на кој пишуваше „Никогаш не се откажувај, Марсел“, со што испратија порака за поддршка до верниот навивач.
Тоа е Марсел, навивач на Борусија кој води тешка животна битка. Имаше три операции од тумор на мозокот, а оваа недела му беше дијагностицирана неизлечива болест и многу малку време за живот.
Сега неговиот сакан клуб му испрати поддршка пред полниот стадион на натпреварот против Унион Берлин.