Солзите сами капат! Денес нема да видите ништо поемотивно! Фудбалерите на Борусија испратија трогателна порака за навивач болен од рак! (видео)

Љубителите на фудбалот многу добро знаат дека навивачите на Борусија Дортмунд во светот се познати како автори на врвни кореографии, а клубот прави сè за да биде со нив и да им се „оддолжи“, на секој начин.

Фудбалерите на Борусија вчера играа против Унион Берлин, а пред натпреварот беше видена сцена која ќе ви го скрши срцето.

Имено, фудбалерите на Борусија излегоа на теренот со жолто-црн транспарент на кој пишуваше „Никогаш не се откажувај, Марсел“, со што испратија порака за поддршка до верниот навивач.

Тоа е Марсел, навивач на Борусија кој води тешка животна битка. Имаше три операции од тумор на мозокот, а оваа недела му беше дијагностицирана неизлечива болест и многу малку време за живот.

Сега неговиот сакан клуб му испрати поддршка пред полниот стадион на натпреварот против Унион Берлин.