КРИМИНАЛНАТА МРЕЖА НА ЈОРДАН КАМЧЕВ ЦЕЛОСНО РАЗБИЕНА – Мајката на Орце, Сергеј Самсоненко и неговата сопруга се најдоа на црната листа на САД

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави денес на пладне повторно ја прошири црната листа за лица од Македонија поврзани со висока корупција.

Според соопштението од Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД, на листата се додадени поранешниот сопственик на Вардар, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина Самсоненко, како и мајката на веќе „оцрнетиот“ Јордан Орце Камчев, Ратка Куновска Камчева.

Соопштението од Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД

Во соопштението објавено од Министерството за финансии на САД се наведува дека овие лица се ставени на фамозната црна листа поради тесна поврзаност со бизнисите односно империјата на Јордан Орце Камчев, кој е дел од оваа листа од месец јули годинава.

Одлуката е објавена попладнево на веб-сајтот на Министерството за финансии на САД, а на листата се ставени и компаниите од мрежата на македонскиот тајкун: „Систина Лајф Кеар Центар“, „Орка Холдинг“, „Бет Сити“, „Орка Фајнанс“ и „Камчев Консалтинг“.

Во деталното образложение на одлуката се наведуваат и серија трансакции меѓу фирми на Сергеј Самсоненко и Јордан Орце Камчев, а дел поврзани и со случајот „Плацови на Водно“.

Сергеј Самсоненко и Јордан Орце Камчев

Овие лица се придружија на веќе санкционираните поединци од државата односно на поранешниот претседател на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот директор на директор на тајната служба, Сашо Мијалков и актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.

На листата која денес ја објави Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД се најдоа и голем број лица од други држави од Западен Балкан кои се осомничени за корупција и соработка со Русија