Наоми Кембел е една од најатрактивните жени во светот, а нејзината фигура, кожа и коса би ја посакале многу жени ширум светот. Сепак, кога е внатре во нејзините четири ѕида, Наоми не изгледа баш така. Иконата на деведесеттите на Инстаграм објави фотографија без перика и ја шокираше јавноста, но многумина се согласија дека така природно изгледа подеднакво добро и младешки.
Поради долгогодишната посветеност да добива екстензии и да ја третира косата што и ги оштетува корените, косата на Наоми значително се проретчи, а на некои места речиси и ја нема. Иако нејзините обожаватели не очекуваа 53-годишната манекенка да покаже како навистина изгледа, тие беа позитивно изненадени од нејзиниот „потфат“.
„Сите на светот носат перики, тоа веќе не ме загрижува. Јас го правам она што сакам и што го бара мојата работа“, изјави таа еднаш во едно интервју.
Да потсетиме, Наоми неодамна доби второ дете , момче, а радосната вест ја сподели преку Инстаграм.
“Мило мое малечко, знај дека си исклучително ценет и опкружен со љубов од моментот кога не удостои со твоето присуство. Вистински дар од Бога, благослов. Добредојде момче”, напиша Наоми и заклучи дека никогаш не е доцна да стане мајка.
Во мај 2021 година роди девојче, а бидејќи никој не знаеше за бременоста, се шпекулираше дека го добила преку сурогат мајка. Таа никогаш не го демантираше ниту потврди тоа.