СО ГОДИНИ ЈА УНИШТУВАШЕ КОСАТА, А СЕГА ОСТАНА БЕЗ НЕА: Еве како изгледа Наоми Кембел кога ќе ја извади периката

Наоми Кембел е една од најатрактивните жени во светот, а нејзината фигура, кожа и коса би ја посакале многу жени ширум светот. Сепак, кога е внатре во нејзините четири ѕида, Наоми не изгледа баш така. Иконата на деведесеттите на Инстаграм објави фотографија без перика и ја шокираше јавноста, но многумина се согласија дека така природно изгледа подеднакво добро и младешки.

Поради долгогодишната посветеност да добива екстензии и да ја третира косата што и ги оштетува корените, косата на Наоми значително се проретчи, а на некои места речиси и ја нема. Иако нејзините обожаватели не очекуваа 53-годишната манекенка да покаже како навистина изгледа, тие беа позитивно изненадени од нејзиниот „потфат“.

Наоми Кембел

„Сите на светот носат перики, тоа веќе не ме загрижува. Јас го правам она што сакам и што го бара мојата работа“, изјави таа еднаш во едно интервју.

Да потсетиме, Наоми неодамна доби второ дете , момче, а радосната вест ја сподели преку Инстаграм.

“Мило мое малечко, знај дека си исклучително ценет и опкружен со љубов од моментот кога не удостои со твоето присуство. Вистински дар од Бога, благослов. Добредојде момче”, напиша Наоми и заклучи дека никогаш не е доцна да стане мајка.

Во мај 2021 година роди девојче, а бидејќи никој не знаеше за бременоста, се шпекулираше дека го добила преку сурогат мајка. Таа никогаш не го демантираше ниту потврди тоа.