Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја коментираше изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер која рече дека институциите биле свесни дека осомничените се криминалци, но не ги санкционирале и Вања ја платила цената.
„Многу често го кажувам и до сега и во медиумите. И кога зборував за неказнивоста на сите оние кои ја ограбија државата, го уништуваа народот и кои беа лидери во општеството без да одговараат. Сето ова е нешто што мора да го разбереме и прифатиме како услов што мора да се промени. Промената на системот мора да се направи брзо и ефикасно“, рече Спасовски.
Тој појасни дека МВР постапувало за осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, но и остатокот од системот морал брзо да реагира со судења и со извршување санкции. Целиот систем треба да се консолидира во однос на истрагите бидејќи МВР за кратко време или без соодветни мерки ги ослободува рече министерот.