Спасовски се согласува со Агелер, но вината за неказнувањето на криминалците не ја гледа во МВР, туку во правдата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја коментираше изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер која рече дека институциите биле свесни дека осомничените се криминалци, но не ги санкционирале и Вања ја платила цената.

„Многу често го кажувам и до сега и во медиумите. И кога зборував за неказнивоста на сите оние кои ја ограбија државата, го уништуваа народот и кои беа лидери во општеството без да одговараат. Сето ова е нешто што мора да го разбереме и прифатиме како услов што мора да се промени. Промената на системот мора да се направи брзо и ефикасно“, рече Спасовски.

Тој појасни дека МВР постапувало за осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, но и остатокот од системот морал брзо да реагира со судења и со извршување санкции. Целиот систем треба да се консолидира во однос на истрагите бидејќи МВР за кратко време или без соодветни мерки ги ослободува рече министерот.