Федералната служба за безбедност и полицијата во Русија, наводно, ги спречиле украинските специјални служби да гo подготват убиството на главната уредничка на медиумската група Russia Today, Маргарита Симонјан и блогерката Ксенија Собчак.
„Федералната служба за безбедност, заедно со Истражниот комитет и Министерството за внатрешни работи на Русија, ги спречија украинските специјални служби да го подготват убиството на главниот уредник на телевизискиот канал RT и Меѓународната медиумска агенција Russia Today, Маргарита. Симонјан“, соопшти ФСБ, додавајќи дека според информациите, се подготвувало и убиството на Ксенија Собчак.
Тајната служба додава дека претходниот ден во Москва и во регионот на Рјазан биле приведени членови на неонацистичката група „Параграф-88“, кои ги шпионирале „работните и станбените адреси“ на Маргарита Симонјан и Ксенија Собчак.
„Во текот на истрагата, тие потврдија подготовка на обид за атентат по инструкции на СБУ за награда од еден и пол милион рубљи за секое убиство“, тврди ФСБ во соопштението до руските медиуми.
Сега се вршат неопходните оперативно-истражни и истражни дејствија.
„Од приведените одземени се автоматска пушка АК-47 и 90 куршуми за истата, ножеви, боксерски ракавици, гумени палки, лисици, знамиња со нацистички симболи, нацистичка литература, комуникациска опрема и компјутери со податоци што ги потврдуваат нивните криминални намери“, се вели во соопштението.
Истражниот комитет на Руската Федерација планира да покрене случаи против приведените со „екстремистички и терористички призвук“.
Маргарита Симонјан го коментираше обидот за атентат.
„ФСБ заедно со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет приведоа група која го подготвуваше моето убиство по наредба на Украина. Ме следеа и ги знаеја сите мои адреси. Ајде да работиме браќа“, напиша главната уредничка на RT на своите профили на социјалните мрежи.