Спречен атентат врз омилената новинарка на Владимир Путин! Тајната служба на Русија ги објави деталите, а Маргарита Симонјан вели: “Ме следеа на секој чекор…“

Федералната служба за безбедност и полицијата во Русија, наводно, ги спречиле украинските специјални служби да гo подготват убиството на главната уредничка на медиумската група Russia Today, Маргарита Симонјан и блогерката Ксенија Собчак.

Федералната служба за безбедност, заедно со Истражниот комитет и Министерството за внатрешни работи на Русија, ги спречија украинските специјални служби да го подготват убиството на главниот уредник на телевизискиот канал RT и Меѓународната медиумска агенција Russia Today, Маргарита. Симонјан“, соопшти ФСБ, додавајќи дека според информациите, се подготвувало и убиството на Ксенија Собчак.

Тајната служба додава дека претходниот ден во Москва и во регионот на Рјазан биле приведени членови на неонацистичката група „Параграф-88“, кои ги шпионирале „работните и станбените адреси“ на Маргарита Симонјан и Ксенија Собчак.

Во текот на истрагата, тие потврдија подготовка на обид за атентат по инструкции на СБУ за награда од еден и пол милион рубљи за секое убиство“, тврди ФСБ во соопштението до руските медиуми.

Сега се вршат неопходните оперативно-истражни и истражни дејствија.

Од приведените одземени се автоматска пушка АК-47 и 90 куршуми за истата, ножеви, боксерски ракавици, гумени палки, лисици, знамиња со нацистички симболи, нацистичка литература, комуникациска опрема и компјутери со податоци што ги потврдуваат нивните криминални намери“, се вели во соопштението.

Маргарита Симонјан
Маргарита Симонјан

Истражниот комитет на Руската Федерација планира да покрене случаи против приведените со „екстремистички и терористички призвук“.

Маргарита Симонјан го коментираше обидот за атентат.

ФСБ заедно со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет приведоа група која го подготвуваше моето убиство по наредба на Украина. Ме следеа и ги знаеја сите мои адреси. Ајде да работиме браќа“, напиша главната уредничка на RT на своите профили на социјалните мрежи.