Нема поголеми задржувања за влез и излез од ГП Табановце

Денеска нема метеж на граничниот премин Табановце, лентите за влез и излез се отворени и нема поголеми задржувања. Патниците кои денеска влегуваат во државата, велат дека се враќаат за верските празници Велигден и Рамазан.

Според податоците на МВР, од петокот на 7 април од полноќ до денеска до 11 часот во државава влегле 22.686 македонски и 26.459 странски државјани. Во истиот период од државата излегле 24.468 македонски и 21.446 странски државјани.

Македонските државјани почнаа да се враќаат уште пред две недели за да ги поминат празниците во земјава.