Кристијано Роналдо на својот 1.200-ти натпревар го постигна 868. погодок

– Светската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој настапува за тимот Ал Наср од Саудиска Арабија, го одигра својот 1.200-ти натпревар.

Португалскиот фудбалер, во 16-тото коло на Про лигата на Саудиска Арабија, во првата постава го започна натпреварот против Ал Ријад.

Ал Наср на оваа средба извојува победа од 4:1, а Роналдо (38) го постигна првиот погодок за водство на неговиот тим, што воедно беше и негов 868. гол во неговата клупска и репрезентативна кариера.

Статистиката на постигнати погодоци во кариерата на Роналдо, кој го одигра својот 1.200-ти натпревар, изгледа вака:

Екипа    натпревари        погодоци    
Спортинг Лисабон31 5
Манчестер Јунајтед346145
Реал Мадрид438450
Јувентус134101
Ал Наср4639
Репрезентацијата на Португалија       205128
ВКУПНО1.200868