ЕУ и Германија разговараат за можни санкции против радикалните израелски доселеници

 – Земјите членки на ЕУ разговараат за можни санкции против радикалните израелски доселеници, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Германија.

Ана Лурман рече дека по одлуката на САД да ги санкционираат поединците вмешани во нападите на Западниот Брег, Советот за надворешни работи на ЕУ ќе разговара за слични чекори на денешниот состанок.

„Во моментов разговараме што можеме да направиме како земји членки на ЕУ за ова прашање. Разгледуваме и национални мерки, забрани за влез“, изјави таа за новинарите во Брисел.

Американската администрација минатата недела објави дека воведува санкции и ограничувања за патување со визи против екстремистичките доселеници кои биле вмешани во насилни напади.

Нападите на израелските доселеници против Палестинците на окупираниот Западен Брег се искачија на највисоко ниво од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Газа на 7 октомври.

Според здравствените власти, екстремистите извршиле над 300 насилни напади меѓу доселениците, при што загинале најмалку девет Палестинци во последните два месеца. Стотици Палестинци исто така беа насилно раселени од нивната земја.