Германскиот автомобилски гигант масовно дели откази: 7150 работници останаа без работа

Германскиот снабдувач на автомобили Континентал во средата (14-ти февруари) ги објави плановите за укинување на 7.150 работни места ширум светот до 2025 година.

Автомобилскиот сектор, кој е меѓу најтешко погодените во Германија, беше принуден да се реорганизира бидејќи побарувачката на потрошувачите се префрли на електрични возила.

Континентал, кој произведува гуми и други автомобилски делови, најави дека 1.750 работни места ќе бидат укинати поради истражување и развој, додека другите 5.400 отпуштања беа претходно најавени како дел од програмата за намалување на трошоците, пишува Дојче веле.

Шефот на автомобилската индустрија на компанијата, Филип фон Хиршид, рече дека овој потег ќе и’ овозможи на компанијата „да ги фокусира своите ресурси уште повеќе на идните технологии за возила дефинирани со софтвер”.

„Свесни сме за влијанието врз нашите вработени и ќе направиме сè што можеме за да најдеме добри, приспособени решенија (за вработените)“, додаде тој.

„Драматично лоша“ ситуација

Континентал е најновиот германски производител кој најави намалување на работните места бидејќи индустријата фокусирана на извоз се бори со глобалното забавување и високата инфлација.

И други познати германски гиганти укинаа илјадници работни места во последните месеци.

Тоа доаѓа додека германската влада се подготвува да ја намали прогнозата за економски раст на само 0,2 отсто во извештајот што треба да се објави следната недела.

„Не можеме да продолжиме вака“, рече во средата германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек, додавајќи дека економската ситуација е „драматично лоша“.

„Сè на сè, треба повторно да инвестираме повеќе во оваа земја и да започнеме економски раст “, ​​рече тој.