Меган Фокс со нова мокра провокација: Актерката се нуди за влажно доживување со неа

Сексапилната актерка Меган Фокс повторно позираше во вода, овој пат во бел мини фустан на плажа.
Меган вчера со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографии на кои лежи во морето во мокар и провиден фустан. Во описот на фотографијата, таа напиша дека нуди часови по сурфање, а инфо може да добијат во порака.

Овој пат таа позираше на плажа во краток фустан. Изгледот го комплетираше со нагласена шминка. Објавата собра речиси два милион лајкови, а сигурно имаше и навала со пораки од оние кои посакаа часови по сурфање, односно дружба со неа.

Актерката често објавува провокативни фотографии и позира во атрактивни изданија.

Минатиот месец убавата актерка се пофали со фотографија без долна облека на која се гледа дека се ослободила од тетоважата посветена на нејзиниот поранешен сопруг Брајан, која ја имала на препоните. Тетоважата со името „Брајан“ ја покри со цвеќиња и змија.