Хутите ќе ги нападнат сите бродови што се упатуваат кон израелските пристаништа ако им се во домет

– Јеменската бунтовничка група Хути денеска соопшти дека ќе ги таргетира бродовите што се упатуваат кон израелските пристаништа во која било област што им е во домет.

– Ќе ги таргетираме сите бродови кои одат кон израелските пристаништа во Средоземното Море, во која било област што можеме да ја гаѓаме, рече портпаролот на Хутите, Јахја Сареа.

Хутите извршија серија напади со дронови и ракети врз бродови во пристаништата во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во војната во Појасот Газа.