ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да поведе постапка против Фатмир Битиќи

Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатила државна помош да гласаат за него, гo посочува бројот на гласачкото ливче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По објавениот документ, каде Битиќи бара компаниите да го поддржат бидејќи им платил државна помош, тој треба да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, покажува како СДС и ДУИ ја заробија државата и како стотици функционери управуваат со државата како да е нивна лична сопственост.

ДКСК да не чека, да го отвори случајот и да отвори постапка пред други институции“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека мора да се запрат злоупотребите на институциите. По 8 мај ваквите практики ќе завршат и луѓето како Битиќи ќе се соочат со одговорност.