Сурова ликвидација во Солун! Убиен е маж од возило во движење: Се појави страшна снимка од местото на несреќата (ВИДЕО)

Маж (41), родум од Грузија, е убиен денеска во Солун, во близина на центарот на градот, а полицијата трага по жена и двајца мажи кои се осомничени дека го исфрлиле Грузиецот од возило во движење.

Сè се случило околу 14 часот на Велика Сабота, во близина на детското игралиште.

Наводно, жртвата е веќе позната на полицијата и била поврзана со криминални кланови.

Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и го симнувал шлемот. Потоа со голема брзина поминале двајца мажи и жена со црвено „рено“ и испукале најмалку три истрели во правец на жртвата – едниот куршум го погодил во грбот, другиот во рамото.

Очевидци велат дека тој излегол од моторот, одел неколку чекори и паднал.

Сè се случило пред бројни сведоци.