Човек кој остави голема трага во светот на боксот.
Кен Бјукенан, кој според многумина е еден од најдобрите боксери на сите времиња, почина денес на 77-годишна возраст.
Во текот на својата богата кариера Кен дури 69 пати влегол во рингот, а забележал 61 победа, а 27 пати ги „решил“ противниците со нокаут.
Кен беше и светски шампион, а огромен успех постигна во 1970 година кога го победи Исмаел Лагана. Следната година ги спои титулите на ВБА и ВБЦ, со победа над Рубен Наваро.
И тогаш, неговата кариера тргна надолу. Најпрвин му беше одземена титулата, а на натпреварот против Роберт Ѓуран доби незгоден удар со колено во меѓуножјето, поради што до крајот на животот имаше проблеми со тестисите и остана без титулата на светски шампион на неспортски начин.