ТАЖНА ВЕСТ – Обожавателите на боксот во тага: Почина еден од најдобрите мајстори на овој спорт, човекот кој остави голема трага со својата богата кариера

Човек кој остави голема трага во светот на боксот.

Кен Бјукенан, кој според многумина е еден од најдобрите боксери на сите времиња, почина денес на 77-годишна возраст.

Во текот на својата богата кариера Кен дури 69 пати влегол во рингот, а забележал 61 победа, а 27 пати ги „решил“ противниците со нокаут.

Кен беше и светски шампион, а огромен успех постигна во 1970 година кога го победи Исмаел Лагана. Следната година ги спои титулите на ВБА и ВБЦ, со победа над Рубен Наваро.

И тогаш, неговата кариера тргна надолу. Најпрвин му беше одземена титулата, а на натпреварот против Роберт Ѓуран доби незгоден удар со колено во меѓуножјето, поради што до крајот на животот имаше проблеми со тестисите и остана без титулата на светски шампион на неспортски начин.