МУ СЕ СМЕЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ! Голгетерот на Интер кој вреди 115 милиони евра направи вистински дебакал: “Потешко е да промашиш отколку да го погодиш голот од оваа ситуација…“ (видео)

Интер продолжи со серијата лоши игри во Серија А, откако синоќа загуби од Фиорентина.

Фиорентина успеа да дојде до трите бода, но таа победа остана во сенка на неверојатно промашување на играчот од редовите на Интер. Работата да биде уште полоша, во центарот на вниманието се најде познатиот голгетер Ромелу Лукаку.

Се играше 49. минута кога Лукаку промаши чиста шанса за гол, се најде во ситуација од која е потешко да се промаши отколку да се постигне гол.

За неговиот неуспех проговори и тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

Разочарани сме, загубивме два последователни натпревари, мораме да направиме многу подобри резлутати, почнувајќи од мене. Мораме да покажеме поголема решителност. Доколку Лукаку ја погодеше мрежата во тие два наврати исходот ќе беше друг. Неговиот настап ќе се гледа во различни начини. Како одминуваше натпреварот ја загубивме агресивноста, острината, иако морам да признаам дека бев повеќе лут по поразот од Јувентус“, изјави Инзаги за италјанските спортски медиуми.