Александра Пријовиќ го одржа својот втор по ред концерт во Ниш, каде уште еднаш ја маѓепса публиката во „Чаир“.
Тоа беше вечер за паметење, освен група момци кои се степаа и направија целосен хаос. На крајот од концертот двете момчиња се степале, а по вербален конфликт настанала физичка пресметка во која учествувале неколкумина од нив.
Обезбедувањето веднаш реагирало и ги избркало, а тие биле приведени на излезот . Александра нормално го одржа концертот до крајот, без никаков прекин.
Да потсетиме, гостин на вториот концерт на Прија беше Весна Змијанац, која ја имаше емотивен говор.
– Да ви кажам, мислев дека нема да имам наследничка, но ти, надмина cè. Сакам да успееш исто како и јас. Сега ќе ве замолам сите за аплауз, – рече Весна, а Александра ја остави постарата колешка да направи спектакл за публиката.
На концертот се случила и веридба.
– Честитки од сè срце. Прекраснo. Ви посакувам сè најдобро и се надевам дека ќе уживате вечерва. Ве бакнувам, се надевам дека ќе ви донесам среќа – воодушевено рекла Александра.