Тепачка и веридба на концертот на Прија! Се степале пред бината, обезбедувањето веднаш реагирало, а потоа дошла полицијата (видео)

Александра Пријовиќ го одржа својот втор по ред концерт во Ниш, каде уште еднаш ја маѓепса публиката во „Чаир“.

Тоа беше вечер за паметење, освен група момци кои се степаа и направија целосен хаос. На крајот од концертот двете момчиња се степале, а по вербален конфликт настанала физичка пресметка во која учествувале неколкумина од нив.

Обезбедувањето веднаш реагирало и ги избркало, а тие биле приведени на излезот . Александра нормално го одржа концертот до крајот, без никаков прекин.

Да потсетиме, гостин на вториот концерт на Прија беше Весна Змијанац, која ја имаше емотивен говор.

– Да ви кажам, мислев дека нема да имам наследничка, но ти, надмина cè. Сакам да успееш исто како и јас. Сега ќе ве замолам сите за аплауз, – рече Весна, а Александра ја остави постарата колешка да направи спектакл за публиката.

На концертот се случила и веридба.

– Честитки од сè срце. Прекраснo. Ви посакувам сè најдобро и се надевам дека ќе уживате вечерва. Ве бакнувам, се надевам дека ќе ви донесам среќа – воодушевено рекла Александра.