Во престрелката што се случи утринава на контролниот пункт што го дели Западниот Брег од јужниот дел на Ерусалим, ранети се шест припадници на безбедносните сили, од кои еден е во критична состојба, а тројца напаѓачи се „неутрализирани“ .
Тајмс оф Израел наведува дека пукањето се случило на преминот „тунел“ кон Ерусалим .
Се наведува дека Брзата помош згрижила ранетите, а маж на 20-годишна возраст, кој е во критична состојба, е префрлен во болница во Ерусалим, каде лекарите се борат за неговиот живот .
Покрај ранетите припадници на израелските безбедносни сили, поради вознемиреност помош побарале и двајца цивили.
Службите за итни случаи соопштија дека тројцата напаѓачи биле убиени од безбедносните сили .
Shooting Attack at the Tunnels Crossing in Jerusalem – In the recent shooting attack at the Tunnels Crossing in Jerusalem, three terrorist were neutralized by security forces stationed at the crossing pic.twitter.com/kVtWu2PAnF
— Israel Police (@israelpolice) November 16, 2023
Полицијата соопшти дека биле „неутрализирани“ кога пристигнале со автомобил од Западниот Брег и отвориле оган врз израелските војници .