По прераното испаѓање од Африканскиот Куп на Нации, Алжир реши да го смени селекторот Џамел Белмади. Како потенцијални кандидати за испразнетото место досега се споменуваа Вахид Халихоџиќ, Владимир Петковиќ и Хорхе Сампаоли. Но, тоа место беше понудено и на легенда на Реал Мадрид.
Имено, како што пренесува француски L’Equipe, Алжирците сакаат да го видат Зинедин Зидан на својата клупа. Родителите на Зинедин Зидан се од Алжир, а во локалниот фудбалски сојуз се надеваа дека ќе го доведат на својата клупа.
Легендарниот играч и тренер на Реал Мадрид и се заблагодари за понудата која на крајот ја одби. Зинедин Зидан неодамна ги одби на сличен начин САД и Бразил кои исто така сакаа да го видат во своите редови.
Според француските медиуми, Зинедин Зидан го чека само една позиција, а тоа е селектор на француската репрезентација.