Тие би сакале со сите сили да го доведат Зинедин Зидан, но постои само една опција за легендарниот Французин

По прераното испаѓање од Африканскиот Куп на Нации, Алжир реши да го смени селекторот Џамел Белмади. Како потенцијални кандидати за испразнетото место досега се споменуваа Вахид ХалихоџиќВладимир Петковиќ и Хорхе Сампаоли. Но, тоа место беше понудено и на легенда на Реал Мадрид.

Имено, како што пренесува француски L’Equipe, Алжирците сакаат да го видат Зинедин Зидан на својата клупа. Родителите на Зинедин Зидан се од Алжир, а во локалниот фудбалски сојуз се надеваа дека ќе го доведат на својата клупа.

Легендарниот играч и тренер на Реал Мадрид и се заблагодари за понудата која на крајот ја одби. Зинедин Зидан неодамна ги одби на сличен начин САД и Бразил кои исто така сакаа да го видат во своите редови.

Според француските медиуми, Зинедин Зидан го чека само една позиција, а тоа е селектор на француската репрезентација.