Малолетно девојче изгорело од струен удар, потврди Sвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Тој изјави дека вечерва интервенирале на железничката станица во Илинден со две возила и седуммина пожарникари. Според очевидци девојчето загинало од струен удар од електричната инсталација за возовите, откако со момче било качено на вагонот – цистерна полна со гориво.
Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски во изјава за Телевизија 24, вчеравечер изјави дека според информациите што ги добил од МВР и ПП бригада до несреќата во која почина малолетно девојче дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден.