Двајца натпреварувачи загинаа на натпреварот „Ironman“ во Ирска.
Натпреварот се одржа во округот Корк.
Несреќните натпреварувачи западнаа во неволја за време на пливачката трка и не им била од помош ниту лекарската помош. Лекарите вложиле максимални напори, но можеле само да констатираат смрт.
Организаторите се огласија на социјалните мрежи и испратија сочувство до семејствата.
Ајронмен е ултратриатлон, т.е. натпревар кој се состои од 3.800 m пливање, 180 km возење велосипед и 42.195 m трчање.