ТРАГЕДИЈА ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАР: Двајца триатлонци загинаа за време на трката

Двајца натпреварувачи загинаа на натпреварот „Ironman“ во Ирска.

Натпреварот се одржа во округот Корк.

Несреќните натпреварувачи западнаа во неволја за време на пливачката трка и не им била од помош ниту лекарската помош. Лекарите вложиле максимални напори, но можеле само да констатираат смрт.

Организаторите се огласија на социјалните мрежи и испратија сочувство до семејствата.

Ајронмен е ултратриатлон, т.е. натпревар кој се состои од 3.800 m пливање, 180 km возење велосипед и 42.195 m трчање.