СДСМ: Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со пасошите

СДСМ бара од ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните, која, како што велат, ги излажала и ги довела во заблуда дека за еден час ќе го реши прашањето со пасошите.

„Веќе на првиот ден од својот мандат како технички министер за внатрешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тошковски призна дека не може да го реши овој проблем.

Од ВМРО-ДПМНЕ до пред некој ден велеа дека Спасовски не може да го реши проблемот, дека МВР не работи со сите свои капацитети, дека со закон ќе интервенира за продолжување на важноста на старите пасоши.

Како влегоа во техничката Влада, ништо не важи, нема ништо од најавите на ВМРО-ДПМНЕ“, обвинуваат од СДСМ.

Одеднаш, како што додаваат од СДСМ, ништо од законот, наеднаш МВР работело со полн капацитет, наеднаш не се решило, затоа ределе, како што велат, оправдувања дека „не може да прави чуда“. , дека наишла на „ѕид“ од Грција.