Богат музички хепенинг за штипска „Пастрмајлијада“, џиновска пастрамајлија и натпревар во брзо јадење

На 22-ри и 23-ти септември во Штип ќе се одржи традиционалната манифестација Штипска пастрмајлијада.

За настанот, чија цел е промоција на кулинарскиот специјалитет пастрмајлија, годинава биле одвоени 2,5 милиони денари, пари од општинскиот буџет и од спонзори.

Во петок главна музичка ѕвезда која ќе настапи пред присутните ќе биде Саша Ковачевиќ, а најавени се настапи и на Пајак и Лара.
Во сабота концерт ќе одржи Данијела Мартиновиќ, а ќе настапат и Амадеус Бенд и Љубојна.

„Веќе од догодина подготвуваме нов концепт, нова локација, која за граѓаните ќе биде позната од догодина, кога ќе се организираат сите детали за новиот коцепт за одржување на штипска Пастрмалијада“, додава Јорданов.

Штипската „Пастрамајлијада“ носи и добар профит на локалната економија, а за оваа година предвидено е џиновска пастрамајлија и натпревар во брзо јадење.

Цената по која ќе се продава штипската пастрмајлија се уште не е утврдена.