Петгодишно момче почина во село кај Кучево, откако наводно се задавило во капа за сок!
Невидена трагедија се случи минатиот вторник, јавуваат локалните медиуми.
– Малото момче било сместено во згрижувачко семејство. Центарот за социјална работа од Пожаревац претходно го одзеде од неговите родители. Што точно се случило на кобниот 9 април ќе утврди истрагата. Засега се знае дека се работи за несреќен случај, односно дека детето ставило шише со сок во уста и се задушило – вели извор запознаен со случајот.
Покојното момче е веднаш погребано следниот ден, среда.
-Центарот за социјална работа даде објаснување за смртта на детето и како причина за смртта наведе задушување со капаче – вели изворот за српските медиуми и додава дека се утврдуваат сите други околности за оваа трагедија.
Исто така, не се знае зошто детето е одземено од родителите и сместено во згрижувачко семејство.