Трагедија! Момче се задави со капаче од сок: ,,Вакво нешто не е видено до сега!”

Петгодишно момче почина во село кај Кучево, откако наводно се задавило во капа за сок!

Невидена трагедија се случи минатиот вторник, јавуваат локалните медиуми.

– Малото момче било сместено во згрижувачко семејство. Центарот за социјална работа од Пожаревац претходно го одзеде од неговите родители. Што точно се случило на кобниот 9 април ќе утврди истрагата. Засега се знае дека се работи за несреќен случај, односно дека детето ставило шише со сок во уста и се задушило – вели извор запознаен со случајот.

Покојното момче е веднаш погребано следниот ден, среда.

-Центарот за социјална работа даде објаснување за смртта на детето и како причина за смртта наведе задушување со капаче – вели изворот за српските медиуми и додава дека се утврдуваат сите други околности за оваа трагедија.

Исто така, не се знае зошто детето е одземено од родителите и сместено во згрижувачко семејство.