ИСТОРИСКИ СОСТАНОК ВО САН ФРАНЦИСКО: Кси Џинпинг пристигна на самитот, закажана средба со Бајден

Тоа е прва посета на Си на САД од 2017 година.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во Сан Франциско, каде ќе учествува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) и ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Ова е прва посета на Кси на САД од 2017 година, кога американскиот претседател беше Доналд Трамп.

Кси ќе се сретне со Бајден наутро по локално време и тоа ќе биде прва билатерална средба меѓу двајцата претседатели за една година.