Пригожин е жив? Дали смртта на шефот Вагнер е претстава во режија на врвот на Кремљ? (ВИДЕО)

Шефот на Главната воена разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, не е сигурен дека поранешниот лидер на „ Вагнер“ Евгениј Пригожин е навистина мртов.

– Не велам дека не умре или дека не е мртов. Велам дека нема докази дека е мртов – изјави Буданов во интервју за американското издание „Фајненшл тајмс“.

Весникот забележува дека приватниот авион „Ембраер-135″, меѓу чии патници бил и Пригожин, се урна во руската област Твер на 23 август минатата година.

Авионот летал од Москва за Санкт Петербург.

Неколку дена подоцна Истражниот комитет на Руската Федерација соопшти дека се идентификувани сите десет жртви на несреќата.

При спроведувањето на молекуларно-генетските тестови, експертите утврдиле дека идентитетот на луѓето одговара на списокот наведен во официјалниот список на патници.

На таа листа се најдоа и Евгениј Пригожин и неговиот соработник Дмитриј Уткин.

Руските портали неодамна објавија дека припадниците на „Вагнер“ се враќаат на украинскиот фронт како дел од руската доброволна гардиска бригада.