Израелскиот министер за одбрана најави проширување на нападите врз Хан Јунис

 – Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави дека израелската војска ќе ги прошири нападите врз Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

По летот над Газа, Галант даде процена за израелските напади во регионот.

Тој наведе дека изведуваат интензивни напади врз Хан Јунис и дека тоа ќе продолжи да се проширува.

„Тенкови, артилерија и чад од воздушните напади ќе го прекриваат небото над Појасот Газа додека не ги постигнеме своите цели, првенствено пораз на Хамас и враќање на заложниците во нивните домови“, изјави министерот Галант.

На 15 јануари „Вашингтон пост“ објави дека Израел рекол дека ќе ги продолжи своите напади „со висок интензитет“ во Појасот Газа во текот на јануари и покрај притисокот од страна на САД да ја намали смртноста на цивилите.