Ова е девојката која почина во Белград по операцијата во Турција: Цел живот ја малтретирале, ова го откриле српските лекари (фото)

Морган Рибеиро (20) од Велика Британија, која имала операција на желудникот во Турција, починала во Белград откако и’ се слошило во авионот додека се враќала дома.

Морган на почетокот на јануари отпатувала во Турција со своето момче за да направи операција на желудникот за која платила околу 3.000 евра. Младата девојка се одлучила на овој потег бидејќи била малтретирана поради прекумерната тежина, а не сакала да биде на долга листа на чекање во Британија, пишува Дејли Мејл.

Морган Рибеиро

Таа беше оперирана во Турција на 5 јануари и и’ беше кажано дека е безбедно да се врати дома три дена подоцна. Морган и нејзиното момче Џејмс Брустер (19) се качиле во авионот за Лондон, но за жал и’ се слошило за време на летот, поради што авионот итно бил приземјен во Белград, каде Морган и покрај сите напори на лекарите починала.

Лекарите откриле дека при интервенцијата во Турција и’ е пресечено тенкото црево што довело до инфекција.

За време на операцијата, лекарите морале да отстранат повеќе од 10 сантиметри од тенкото црево, но на 9 јануари Морган добила срцев удар, што ја ставила во индуцирана кома. Четири дена подоцна, таа почина во болница во Белград.

Мајката на Ерин (44) започнала кампања за собирање пари за да го земе телото на Морган во Англија.

– Како дете постојано била малтретирана, бидејќи секогаш имала проблеми со вишокот килограми и и’ било многу тешко – изјавила Ерин за британски Индипендент.

Мајката објаснува дека не знаела за операцијата дури откако Морган се качила во авионот.

-Кога дознав, веќе беше доцна, таа веќе беше во авионот. Имав лошо чувство бидејќи имав слушнато секакви приказни за Турција. Никогаш не сакав ова да и’ се случи на ќерка ми – изјавила Ерин.