Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во низа објави на својата социјална мрежа ја критикуваше својата противкандидатка Ники Хејли, која ја победи на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир.
– Многу лоша ноќ за Ники „Брдбрејн“ (птичји мозок) Хејли, но не толку лоша како минатата недела во Ајова, каде што заврши на третото место – изјави лидерот на републиканците во објава.
А откако Хејли изјави дека не се откажува од трката за претседателска номинација, Трамп на својата платформа го напиша следново:
– Може ли некој, ве молам, да и’ објасни на Ники Хејли дека изгубила, и тоа сосема малку – изјави поранешниот шеф на Белата куќа.