Трамп ја исмејуваше Хејли по победата во Њу Хемпшир (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во низа објави на својата социјална мрежа ја критикуваше својата противкандидатка Ники Хејли, која ја победи на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир.

– Многу лоша ноќ за Ники „Брдбрејн“ (птичји мозок) Хејли, но не толку лоша како минатата недела во Ајова, каде што заврши на третото место – изјави лидерот на републиканците во објава.

А откако Хејли изјави дека не се откажува од трката за претседателска номинација, Трамп на својата платформа го напиша следново:

– Може ли некој, ве молам, да и’ објасни на Ники Хејли дека изгубила, и тоа сосема малку  – изјави поранешниот шеф на Белата куќа.