Повеќе од 70 луѓе загинаа во нелегален рудник за злато во Мали

– Повеќе од 70 луѓе загинаа во уривање на нелегален рудник за злато во Мали, а бројот може да биде поголем, потврдија денеска властите на оваа западноафриканска земја.

Несреќата се случила во петокот, а потрагата по преживеани сè уште трае.

Не е познато што го предизвикало уривањето на рудникот, за што Министерството за рударство извести дури вчера, истакнувајќи дека загинале „неколку“ рудари.

Ваквите несреќи се чести во Мали, третиот по големина африкански производител на злато.

Дивите рудари, чии активности се од мал обем, обично ги игнорираат безбедносните мерки, особено во оддалечените области.