МАДОНА СЕ УШТЕ ВО ЛОША СОСТОЈБА! Постојано повраќа, не може ни да стане: „Врзана е за креветот“

Пејачката Мадона (64) се уште се бори со бактериска инфекција, поради која пред неколку дена заврши во болница .

Според TMZ, извори блиски до пејачката откриле дека Мадона е „врзана за креветот“ и постојано повраќа. Како што тврдат, пејачката во саботата почнала да повраќа, а во еден момент се онесвестила.

Мадона

Извори открија за Page Six дека пејачката не реагирала на околината за време на нејзиниот престој во болница и морала да биде интубирана најмалку една ноќ. Причината за нејзината инфекција, наводно, биле подготовките за турнеја, која на крајот била одложена поради нејзината болест.

Мадона на подготовките работеше по 12 часа дневно. TMZ претходно објави дека здравјето на Мадона веќе некое време е загрозено и дека речиси еден месец се бори со треска. Пејачката ги игнорираше сите знаци на болест и не отиде на лекар за целосно да се фокусира на турнејата која требаше да започне на 15 јули.

Дека состојбата на Мадона е сериозна говори и податокот дека набрзо по нејзиното заминување во болница, нејзиниот менаџерски тим имал кризен состанок. Тие потоа се согласија да ја одложат турнејата поради стравувањата дека пејачката нема да ја преживее инфекцијата.