ЦЕЛ ДЕН ПИЈАТ САМО КРВ И МЛЕКО: Ова африканско племе го има НАЈБИЗАРНИОТ ритуал на светот, а кога ќе слушнете што се крие зад него, ЌЕ СЕ ЗАНЕМЕТЕ

 Само оние со најголем стомак можат да победат во машка конкуренција во племето Боди

Ова племе живее во оддалечениот агол на долината наречена Омо во Етиопија, каде еднаш годишно се одржува необичен ритуал во кој младите пијат крв од крави измешана со млеко . И сето тоа со цел да ја освои титулата за најдебел човек во племето, а шампионот ќе се удостои како херој од тој момент до крајот на својот живот.

Што е церемонија на Каел?

Францускиот научник Ерик Лафорг е најзаслужен за повеќето информации што ги имаме денес за ова племе , но и за интересот за церемонијата на Каел – која со своите фотографии ја разбуди заинтересираноста во западниот свет. Иако етиопската влада се обидува да го „задуши“ нивниот традиционален начин на живот, племето Боди засега продолжува да ја почитува традицијата и да го слави Каел секој јуни.

Каел започнува шест месеци пред церемонијата на затворање. Секое семејство мора да пријави неженет маж за да учествува на натпреварот. Оние кои се избрани одат да живеат во посебна колиба. Тие не треба да се движат или да бидат интимни со ниту една жена во текот на целиот натпревар.

Селските жени мора редовно да служат пијалок од крв и млеко од крава, иако кравите не се убиваат. Во ова племе тоа е свето животно, поради што со помош на остри предмети прават дупка на вратот и оттаму црпат крв. После тоа, дупката е покриена со глина.

Поради многу топлото време, мажите мора брзо да испијат чинија од два литри крв и млеко. Но, како што тврди Лафорг, не секој натпреварувач успева да испие толку многу со толку голема брзина. Процесот дополнително го усложнува фактот што ова место е полно со муви.

Објавата на победникот

Пред да ги напуштат своите колиби и да одат на местото каде што ќе се одржи последната церемонија, мажите ги тријат нивните тела со глина и пепел. Пред церемонијата, учесниците учествуваат во неколкучасовно одење во круг околу светото дрво, под надзор на други мажи и со помош на жени кои ги истураат со алкохол и им ја бришат потта.

Кога ќе се избере најдебелиот човек, церемонијата завршува со колење на крава со помош на свет камен. По церемонијата, животот на мажите се враќа во нормала. Повеќето од натпреварувачите за кратко време ги губат огромните стомаци, за неколку месеци да почнат одново.