Синди Котрел го напуштила домот на своите родители кога имала само 15 години по расправија со нејзината мајка и се преселила во мал, валкан стан во областа Бирмингем во Велика Британија. Девојката веќе на 17 години забременила, а преживувала со 42 фунти неделно, што е околу 50 евра, открила таа за Daily Mail.
Првиот Божиќ како мајка го дочекала во солзи, бидејќи на 7-месечниот син не можела да му подари ништо. Но, сега, 14 години подоцна, открива таа, дека нејзиниот животен стил е сосема поинаков од тогаш. За подарокот на синот издвоила дури илјада фунти, а подготвила и богата вечера, а за себе вели дека си обезбедила пристоен живот благодарение на работата како веб-модел.
„Имав 18 години и мојот син Џек ме погледна чудно додека му го давав единствениот подарок што можев да си го дозволам – скромно чоколадо. Се чувствував дека сум лоша мајка, бидејќи не треба да имам дете ако не можам да му дадам добар живот и тогаш се заколнав дека ќе направам се што е во моја моќ за да му обезбедам пристоен живот“, вака ја започнала приказната Синди за споменатиот весник, а потоа се присетила како започнале нејзините неволји:
„Се скарав за глупа причина со мајка ми, но бев премногу горда што никогаш не се вратив таа куќа, но и премногу млада за да знам некои работи. Требаше да бидам на факултет, но немав пари за тоа. Не бев во врска и останав бремена, но кога го родив Џек, почувствував дека мојот живот има цел. Никогаш не сум сакала некого толку многу и само сакав да не морам да го носам во мојот ‘никаков’ стан. Сакав да има магично детство како моето и раскошни празници и многу подароци. Не сакав да гледа тој како расплакана јадам само нудли“.
Но, денес се е поинаку, оваа русокоса тврди дека заработува 400 фунти за три часа дневно работејќи како веб-модел. Сепак, тоа има цена – се соблекува и се облекува пред камерите додека непознати на Интернет ја гледаат и наградуваат со пари.
„Грозно е, сите ме гледаат додека не завршам. Но јас заглавувам бидејќи плаќаат 4 фунти за минута за привилегијата. Можам да имам до 10 гледачи во секое време и сите тие плаќаат. Некои корисници само сакаат да гледаат, некои сакаат да разговараат. Многу од нив се во брак – велат дека тоа не е прељуба, но сепак се забавуваат“, тврди Синди за весникот.
Оваа 32-годишна Британка вели дека нејзината мајка била шокирана, но потоа и објаснила дека никого не повредува, дека никој не знае каде живее и дека нема никаков контакт со овие луѓе во реалниот живот:
„Додека гледаше како мојата заработка расте од минута на екранот, таа се насмеа и кажа: ‘Во ред, ти посакувам среќа!’. Посакувам да го правев ова и кога бев млада“.
Синди открила и дека се обидела да се откаже од оваа работа, и дека три месеци работела во стоковна куќа, но дека брзо му се вратила на веб-моделството. Таа додала дека ќе се откаже од се што ќе го побара нејзиниот син во секундата само за да ги исполни неговите желби.