ТРОГАТЕЛНА ИСПОВЕД – Млада девојка открива како успеала да го ‘победи’ животот: “Родив на 17 години, немав ништо да му дадам на синот, преживувавме со 50 евра. Денес ‘пливам’ во пари!“

Синди Котрел го напуштила домот на своите родители кога имала само 15 години по расправија со нејзината мајка и се преселила во мал, валкан стан во областа Бирмингем во Велика Британија. Девојката веќе на 17 години забременила, а преживувала со 42 фунти неделно, што е околу 50 евра, открила таа за Daily Mail.

Првиот Божиќ како мајка го дочекала во солзи, бидејќи на 7-месечниот син не можела да му подари ништо. Но, сега, 14 години подоцна, открива таа, дека нејзиниот животен стил е сосема поинаков од тогаш. За подарокот на синот издвоила дури илјада фунти, а подготвила и богата вечера, а за себе вели дека си обезбедила пристоен живот благодарение на работата како веб-модел.

Синди Котрел
Синди Котрел

Имав 18 години и мојот син Џек ме погледна чудно додека му го давав единствениот подарок што можев да си го дозволам – скромно чоколадо. Се чувствував дека сум лоша мајка, бидејќи не треба да имам дете ако не можам да му дадам добар живот и тогаш се заколнав дека ќе направам се што е во моја моќ за да му обезбедам пристоен живот“, вака ја започнала приказната Синди за споменатиот весник, а потоа се присетила како започнале нејзините неволји:

Се скарав за глупа причина со мајка ми, но бев премногу горда што никогаш не се вратив таа куќа, но и премногу млада за да знам некои работи. Требаше да бидам на факултет, но немав пари за тоа. Не бев во врска и останав бремена, но кога го родив Џек, почувствував дека мојот живот има цел. Никогаш не сум сакала некого толку многу и само сакав да не морам да го носам во мојот ‘никаков’ стан. Сакав да има магично детство како моето и раскошни празници и многу подароци. Не сакав да гледа тој како расплакана јадам само нудли“.

Но, денес се е поинаку, оваа русокоса тврди дека заработува 400 фунти за три часа дневно работејќи како веб-модел. Сепак, тоа има цена – се соблекува и се облекува пред камерите додека непознати на Интернет ја гледаат и наградуваат со пари.

Грозно е, сите ме гледаат додека не завршам. Но јас заглавувам бидејќи плаќаат 4 фунти за минута за привилегијата. Можам да имам до 10 гледачи во секое време и сите тие плаќаат. Некои корисници само сакаат да гледаат, некои сакаат да разговараат. Многу од нив се во брак – велат дека тоа не е прељуба, но сепак се забавуваат“, тврди Синди за весникот.

Оваа 32-годишна Британка вели дека нејзината мајка била шокирана, но потоа и објаснила дека никого не повредува, дека никој не знае каде живее и дека нема никаков контакт со овие луѓе во реалниот живот:

Додека гледаше како мојата заработка расте од минута на екранот, таа се насмеа и кажа: ‘Во ред, ти посакувам среќа!’. Посакувам да го правев ова и кога бев млада“.

Синди открила и дека се обидела да се откаже од оваа работа, и дека три месеци работела во стоковна куќа, но дека брзо му се вратила на веб-моделството. Таа додала дека ќе се откаже од се што ќе го побара нејзиниот син во секундата само за да ги исполни неговите желби.