ФОТО | Кејт Мидлтон објави досега не видена фотографија од кралицата Елизабета II: “Денес таа ќе наполнеше 97 години!“

Кенсингтонската палата објави досега невидена фотографија од покојната кралица Елизабета II, на која таа е опкружена со своите внуци и правнуци. Според информациите на весникот Daily Mail, фотографијата е направена во пресрет на смртта на кралицата, а објавена е на денот кога таа би наполнила 97 години доколку, се разбира беше жива, на 21. април.

Фотографијата е направена од Кејт Мидлтон, споругата на принцот Вилијам, во Балморал минатиот август, неколку недели пред Обединетото Кралство да ја загуби својата кралица.

ФОТОГРАФИЈАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ.

Кралицата Елизабета II на фотографијата изгледа задоволна во својот сакан имот во Шкотска додека седи на зелен тросед опкружена со нејзините внуци и паравнуци.

Неколку недели подоцна, на 8. септември, кралицата почина во нејзиниот дом во Абердиншир.