Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јужната турска провинција Адана.
Канцеларијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот попладнево го погодил округот Сајмбејли на длабочина од 7,7 километри.
Земјотресот се случи додека Турција се бори со последиците од разорните земјотреси од 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 47.900 луѓе.
Повеќе од 13 милиони луѓе во Турција беа погодени од силни земјотреси.